Лејкерс го отпуштија главниот тренер Френк Вогел

Франк Вогел повеќе не е главен тренер на Лос Анџелес Лејкерс, според решението на водството на клубот кој предводен од него пред две години ја освои 17-та титула во НБА лигата, но оваа сезона не успеа да дојде ниту место во разигрувањето за пласман за „плеј-офот“.

Отказот за Вогел беше очекуван уште од крајот на минатата седмица, кога Лејкерси ја загубија трката со Сан Антонио Спарс за освојување на 10-то место, од коешто сѐ уште можеа да изборат настап во доигрувањето.

Во трите сезони на клупата на Лејкерс, Вогел оствари 127 победи со 98 порази, а во скратената сезона 2019/2020, завршена во „балонот“ во Орландо, Лејкерс под водство на овој 48-годишник дојдоа до титулата.

„Исклучително го почитувам Френк, на теренот и надвор од него. Френк е одличен тренер и добар човек. Засекогаш ќе му бидеме благодарни за неговата работа која ја вложи водејќи нѐ во 2020-та до титулата НБА прваци“, изјави главниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка, во официјално соопштениет за јавноста.

Нагласува дека „ова беше исклучително тешко решение, меѓутоа во овој момент неопходно“.

Вогел во НБА лигата како главен тренер впиша 11 ссезони, а покрај Лејкерс од 2010 до 2016-та ги водеше Индијана Пејсерс и од 2016 до 2018-та до Орландо Меџикс. Во кариерата досега дојде до соодносот меѓу победи и порази 431-389

Покрај титулата со ЛА Лејкерс најголемите успеси ги постигна со Пејсер коишто две сезони со ред, во 2013 и 2014-та, ги доенсе до конференциските финалиња, и во двете беше поразен од Мајами Хитс предводени од Леброн Џејмс и Двејн Вејд.

Според пишувањето на спортскиот поратал The Athletic, најголем кандидат за наследник на Вогел на клупата на Лејкерс е актуелниот тренер на Торонто Рапторс, Ник Нерс.