Лејкерс на победа до конференциско финале по триумфот над Хјустон

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го совладаа Хјустон со 110-100 и поведоа со 3-1 во полуфиналната серија во Западната конференција. Иако мечот заврши со десет поени разлика, сликата е поинаква, Лејкерси од првата до пред самиот крај имаа водство од 23 поени.

Стандардно Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа лидери во редовите на тимот од ЛА. Овој пат Дејвис беше прв стрелец со 29 поени, 12 скока и 5 асистенции. Џејмс пак имаше 16 поени, 15 скока и 9 асистенции, но и слаби 7/17 од поле.

На другата страна Џејмс Харден пак имаше 21 поени со 2/11 од поле и 1/6 за три поени. Од вкупните 21 поен, 16 ги постигна од линијата за слободни фрлања. На својот учинок додаде 10 асистенции. Расел Вестбрук мечот го заврши со 25 поени, три скока, исто толку асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=J40Ym5uyc28&feature=emb_logo

На Лејкерси им е потребна уште една победа за да стават крај на лошата серија во плеј-офот, доколку го добијат Хјустон овој тим по пауза од десет години одново ќе игра конференциско финале. Последен пат играа Коби брајант, Пол Гасол.

Во второто западно полуфинале на ЛА Клиперс исто така му е потребна една победа против Денвер. Она што е се поизвесно е дека ќе гледаме вистинско конференциско финале во кое силите ќе ги одмерат градските ривали.