![lejkers](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/lejkers.jpg?resize=640%2C379&ssl=1)
Ѕвездениот тим сега нема ни математички шанси да се пласира барем на 10.место на западот и да игра на плејин турнирот. Девин Букер ги предводеше Санс до за нив рекордната 63.победа во регуларниот дел од сезоната со 32 поени. Кај Лејкерс во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Расел Вестбрук со 28 поени, додека Ентони Дејвис имаше 21 поен и 13 скока.
Сан Антонио со победата од 116-97 на гости кај Денвер ја запишаа третата победа по ред и стигнаа до 10.место на Западот и ќе разигруваат за место во плејофот. Никола Јокиќ имаше фантастичен натпревар за Нагетс со 41 поен и 17 скока, но ниту тоа не беше доволно за победа.
Жоел Ембид со 45 поени и 13 скока ја предводеше Филаделфија до триумф од 131-122 на гостински паркет против Филаделфија. Бруклин го победи Хјустон со 118-105 благодарение на одличната игра на Кајри Ирвинг со 42 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Орландо – Кливленд 120-115
Мајами – Шарлот 144-115
Торонто – Атланта 118-108
Чикаго – Милвоки 106-127
Минесота – Вашингтон 114-132
Оклахома – Портланд 98-94
Јута – Мемфис 121-115 (продолжение)
Сакраменто – Њу Орлеанс 109-123