Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес Лејкерс излезе од трката по 27-годишниот кошаркар на Торонто, Каваи Ленард.
Според „Фокс спорт“ Ленард нема да стане дел од „езерџиите“ во следната сезона дури и ако клубот обезбеди пари за да го потпише максималниот договор.
Ленард по завршување на сезоната 2018/19 стана слободен агент, но може да остане во канадскиот клуб со потпишување на нов договор.
Минатото лето, играчот дојде во Торонто од Сан Антонио и беше еден од најзаслужниот за историскиот прв трофеј на клубот во НБА-лигата.
Воедно, Ленард беше прогласен за МВП на финалната серија