Во првиот меч од вториот полуфинален дуел од Лига Европа, Манчестер Јунајтед во Виго ја совлада Селта со 1:0, што му создава реални шанси за пласманот во финалето на единствениот трофеј кој недостига во витрините на „Олд Трафорд“.
Возвратниот натпревар ќе се игра во Манчестер на 11 мај.
Голот што го одлучи победникот во Виго го постигна Маркус Рашфорд во 68 минута од слободен удар.
Првата шанса за постигнување гол ја имаше Селта во 11 минута, кога Џон Гвидети ја упати топката во петерецот на гостите, а Даниел Вас излезе сам пред Серхио ромеро, но многу шутираше со глава крај голот. Тоа водено беше и единствената шанса за домаќините во првото полувреме, додека Јунајтед имаше три одлични можности да постигне гол, но во сите трите случаи бравурозно интервенираше домашниот голман Серхио Алварез. Во 20 минута шутираше Пол Погба, во 35-та Хенрик Мхтаријан, а во 39-та Лингард.
Но во 68 минута ниту одличниот Алварез не можеше ништо да стори, Рашфорд изведе одличен слободен удар од дваесеттина метри. Ова е негов 190ти гола за „црвените ѓаволи“ сезонава во сите натпреварувања. До крајот на мечот Селта се обидуваше барем да го израмни резултатот, но одбраната на гостите беспрекорно го приведе натпреварот до крај одржувајќи го водството.
Манчестер Јунајтед сезонава е во обид да ја освои единствената европска титула којашто му недостига. Лигата на шампионите ја освојуваше трипати, во 1968, 1999 и во 2008 година, а поранешниот Купот на куповите (освојувачи на националните купови) еднаш во 1991 година, додека за шпанската Селта Виго ова е првиот пласман во полуфинале од некој европски куп.
Во првиот полуфинален меч кој се одигра во средата во Амстердам, Ајакс убедливо со 4:1 го совлада француски Лион и стекна голема предност пред реваншот за седум дена.
Финалето на Лига Европа е закажано за 24 мај во Солна, крај шведската престолнина Стоколм.