Ле Пен: Франција да ги укине двојните државјанства

Нередите предизвикани од успехот на Алжирската репрезентација кој аобезбеди осминафинале на Светското првенство во Бразил иницираа реакзиција од лидерката на француската крајна десница Марин ле Пен, која порача дека би требало да се укине двојното државјанство.

Ле Пен нередите ги оценила како неуспех на француската имиграциона политика. Славењето поради влегувањето на Алжир меѓу 16 најдобри селекции во светот се претвори во судири во неколку градови во Франција, а заврши со апсење на 74 лица поради предизвикување нереди и кражби.

„Сега би требало да застанеме на патот на двојните државјанства. Тоа што е јасно тука е дека не мал број го избираат Алжир, а не Франција. Треба да одберете: дали сте Алжирци или Французи, Мароканци или Французи, но не може да бидете и едно и друго“, рекла Ле Пен за француската телевизија и радио.

Алжирците се најголемата имиграциона група во Франција со околу два милиони жители, а многу од нив имаат двојно државјанство.

Лидерката на Националниот фронт оценила дека овој настан покажува целосен крах на имиграционата политика во Франција и „одбивање на многу граѓани кои имаат двојно државјанство да се прилагодат“.

Таа исто така им порачала на сите кои поседуваат двојни државјанства да ја поддржуваат Франција на светските натпреварувања, а не земјата на потекло.