– Се, само не Хилари Клинтон, тоа е она што е најдобро за интересите на Франција, изјави синоќа Ле Пен за „Си-Ен-Ен“, одговарајќи на прашањето кој американски претседател го поддржува.
Ле Пен изрази уверување дека Хилари Клинтон значи војна, пустошење, дестабилизација во светот, економски избори кои би биле погубни за францускиот народ и геостратешки избори кои би довеле до глобален судир.
Лидерката на француската крајно десничарска партија со Трамп дели стратегија која се основа на претставување на себеси како „антисистем“.
– Нам ни е заедничко тоа што не сме инсајдери, не сме дел од систем, не зависиме од никого и не примаме наредби од ниту една финансиска инситуција, нагласи Ле Пен, зборувајќи за неа и Трамп.
Марин Ле Пен е кандидатка на француските претседателски избори кои ќе бидат одржани во април 2017 година.