Марин Ле Пен од Националниот фронт, која се трка за функцијата претседател на Франција, избувна во Европарламентот и им рече директно во лице на канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател, Франсоа Оланд работи кои никој во новата европолитика не се сеќава дека се кажани.
Нејзините зборови беа пречекани со аплауз во салата, јави aftershock.news
„Ви благодариме, Меркел, што дојдовте овде заедно со својот заменик-канцелар – администратор на провинцијата Франција. Ви јавија за оваа сесија поради една многу едноставна причина – Вашата Европска унија колабира, обидувајќи се да се спаси од пропаст со помош на уцена, закани и понижувања. Вашиот модел е поврзан со тоа да и служите на САД, да танцувате по свирката на банкарите, не фер конкуренција, шпионирањето на граѓаните и нивно разорување. Јас претставувам друг модел заснован на независност, многуполарност на светот, протекционизам и целосно запирање на масовната миграција. Некој можеби ќе каже дека јас сум анти-Меркел? Така е, и тоа е чест за мене! Мадам, јас тебе не те признавам!“ – рече Ле Пен.
Германските интереси не ја оправдуваат вазализацијата на остатокот од Европа. И јас тука сум во својство на глас од другата, слободна Европа, на овие Европејци кои свртија грб кон ЕУ, бидејќи тие имаат потреба од нации, а не од ЕУ, додава Ле Пен.
На Оланд, му порача дека таа е гласот на оние Французи кои му свртеа грб, затоа што ја предаде Франција.