
Американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Москва на 9-ти мај за комеморациите по повод завршувањето на Втората светска војна, објави францускиот магазин LE POINT.
Како што пишува магазинот Трамп и Путин ќе бидат рамо до рамо на 9-ти мај во Москва на Денот на победата врз фажизмот.
Ова не е бил прв случај американски претседател да присуствува на 9 мај во Москва, но во сосема различен контекст. Во услови на пост-студенота војна, за првата децениска прослава на крајот на Втората светска војна по падот на Берлинскиот ѕид, Бил Клинтон ја прифати поканата на Борис Елцин на 9 мај 1995 година. И покрај нивните несогласувања околу Босна, Иран и проширувањето на НАТО, двајцата претседатели покажаа заемна поддршка.
На 9 мај 2025 година, ако новиот договор меѓу САД и Русија опстане и ако ништо не ја компромитира поканата за Трамп, Европјаните ќе мора симболично да го „испијат горчливиот пехар“ додека ги гледаат руските трупи како дефилираат, поздравени од американскиот претседател, пишува LE POINT.
САД и Русија ги започнаа преговорите за целосно обновување на билатералните односи и горливите геополитички прашања, со акцент на прекин на војната во Украина во саудиската престолнина Ријад, на кои не беа повикани претставници на Украина и Евопската унија, што во Киев и европските престолнини предизвика страввање за директни преговори меѓу Вашингтон и Москва.