Откако беа извлечени двојките за 1/8 финалето во Лигата на шампионите, попладнево беше извршена ждрепка со која беа извлечени двојките за 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Актуелниот шампион Севиља во топ 32 фазата за противник ќе го има одличниот германски тим Борусија Менхенгладбах, а покрај овој дуел, посебен интерес привлекува и пресметката меѓу калчолигашот Фиорентина и англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Комплетен изглед на 1/16 финални двојки во Лига на Европа:
Јанг Бојс – Евертон
Торино – Атлетик Б.
Севиља – Борусија Мехенгладбах
Волфсбург – Спортинг
Ајакс – Легија
Алборг – Бриж
Андерлехт – Динамо М.
Днипро – Олимпијакос
Трабзонспор – Наполи
Гингамп – Динамо Киев
Вилјареал – Салцбург
Рома – Феенорд
ПСВ – Зенит
Ливерпул – Бешикташ
Тотенхем – Фиорентина
Селтик – Интер