ЛЕ: Јунајтед ја елиминираше Барса, а Унион Берлин го исфрли Ајакс

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во осминафиналето на Лига Европа откако на својот „Олд Трафорд“ ја совладаа Барселона со 2:1, откако првиот натпревар на „Ноу Камп“ заврши без победник 2:2, а Унион Берлин оди натаму, по ремито 0:0 во Амстердам, откако дома во реваншот фо совлада Ајакс со 3:1 .

„Црвените ѓаволи“ во вечерното дерби со пресврт на „Олд Трафорд“ ја совладаа Барса со 2:1 и со вкупните 4:3 одат натаму.

Барселона поведе во 18 минута со голот на Роберт Левандовски од пенал и до крајот на полувремето Каталонците ја држеа предноста. Сепак, во продолжението од мечот Јунајтед направи пресврт со головите на Фред во 47 и Антони во 73 минута.

Во осминафиналето се пласираше и германски Унион Берлин. Откако мечот во Амстердам заврши без голови, Унион во Берлин го победи Ајакс со 3:1.

Домашните поведоа во 20 минута со голот на Робин Кноче од пенал, а хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ зголеми на 2:0 во 44 минута. На отворањето на вториот дел Ајакс го намали резултатот во 47 минута со голот на Мохамед Кудус, но три минути подоцна веќе беше 3:1.

Во последните моменти од натпреварот Ајакс остана со играч помалку откако Едсон Алварез доби втор жолт поради претести до судијата.

Во Рим, „Влочицата“ го надополни поразот од 0:1 од првиот натпревар, победувајќи го РБ Салцбург со 2:0 со головите на Андреја Белоти во 33 и Пауло Дибала во 40 минута.

Во осминафиналето претходно се пласираа Баер Леверкузен, Јувентус, Спортинг и Севилја, а Баер Леверкузен оди натаму со подобро изведување на пенали против Монако.