Легендарниот кошаркар на „Лос Анџелес Лејкерс“, Коби Брајант зборуваше во интервју за „Bleacher Report“ за наследството на Леброн Џејмс и она што ќе треба да направи за да освои уште некоја шампионска титула.
Сè што размислував како дете е тоа како да ја освојам титулата. Тоа ми е важно. Според тоа ги вреднував Мајкл, Бирд, Меџик. Ако бев Брон, ќе се обидувам да најдам начин да победам. Тој мора да најде начини да освојува титули, едноставно мора, рече Брајант.
Потоа сопственикот на петте шампионски прстени му подели совет на ведетата на „Кливленд“, кој изгуби шесто од вкупно девет финалиња кои ги одиграл.
Додека многу тренирав Фил Џексон честопати ми кажуваше дека работам премногу. Дека морам да работам помалку. На тоа му одговорив дека соиграчите мора да работат повеќе, а тој одговори дека тоа е моја одговорност, вели Брајант.
Леброн Џејмс во неодамнешното финале против „Голден Стејт“ го претрпе третиот пораз во последните четири години од истиот противник, а исто така по втор пат доби „метла“ во НБА финалето. Со денови се лицитира каде Џејмс би можел да ја продолжи својата кариера, а како еден од потенцијалните дестинации се и „Лејкерси“, со кои Брајант ги освои петте шампионски титули.