Леброн Џејмс е фан на Колумбија и на имењакот

Леброн Џејмс, најголемата кошаркарска ѕвезда во дресот на Мајами Хит, го искористи својот официјален профил кој го има на познатата социјална мрежа “Твитер”, за да открие дека фан на фудбалската репрезентација на Колумбија и дека Џејмс Родригез му е омилен фудбалер на Мундијалот во Бразил.

“„Одлична Колумбија. Џејмс Родригез ми е омилен фудбалер. Очигледно името е важно“, напиша Леброн на својот официјален профил.

Само за потцетување, младиот играч за врска на францускиот гигант Монако веќе има постигнато пет погодоци на Мундијалот во Бразил, а неговиот прв погодок на дуелот против репрезентацијата на Уругвај е прогласен за најубав кога се во прашање одиграните натпревари.