Леброн Џејмс реализираше 46 поени за победата на Кливленд Кавалирс од 109:99 на домашен паркет над Бостон Селтикс во шестиот натпревар од финалната серија во Источната конференција на НБА лигата.
Ѕвездата на Кавалирс додаде 11 скока и 9 асистенции, со што ја донесе серијата со Селтикс до решавачки седми дуел.
Гостите водеа со 25:20 по првиот период на натпреварот, но Кливленд излезе убедливо во предност уште пред крајот на вториот дел (54:43) и во последните две делници само ја одржуваа разликата.
Џејмс ја мина границата од 40 поени вкупно седми пат во плејоф средба и има шанса да се рангира за финалето во НБА осма година по ред.
Џејмс по седми пат во тековното доигрување успеа да постигна повеќе од 40 поен. Толку натпревари со „плус 40“ во плејофот има остварено и легендарниот Мајкл Џордан во 1989 година, а еден меч повеќе со ваков резултат – осум, има Џери Вест постигнат во сезоната 1965-та.
Учесникот во натпреварот на ѕвездите, Кевин Лав доби повреда на главата и ја напушти принудно игра од составот на Кавс, што може да претставува проблем за Кавалир во седмиот дуел.
Џорџ Хил беше од помош на Џејмс и постигна 20 поени за домаќините.
Тери Розиер беше најуспешен во гостинската екипа со 28 поени. Со поен помалку заврши неговиот тимски колега Џејлен Браун.
Седмиот дуел од финалната серија на Истокот меѓу Бостон и Кливленд се игра во понеделник во Бостон. Победникот во големото финале ќе се соочи со подобриот од дуелот во Западната конференција меѓу Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс, каде моменталниот скор е 3-2 за „ракетите“.