![lebron-dva-rekorda-na-jordan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/lebron-dva-rekorda-na-jordan.jpg?resize=640%2C478&ssl=1)
По поразот од Мајами, се врати на победничките патеки, откако на
Кливленд славеше на гостувањето кај Шарлот со 118:105, а Леброн Џејмс и овој пат беше најефикасен во редовите на Кавси, со постигнати 41 поен, десет скока и осум асистенции. На овој начин „кралот” постигна уште еден историски меч. Тој го урна рекордот на легендарниот Мајкл Џордан од 866 натпревари во низа со над десет поени. Претходно Леброн стана единствениот играч по Џордан и Мелоун кој десет сезони во низа ја надминува бројката од 2.000 поени.
Карим-Абдул Џабар е втор на листата со најмногу двоцифрени поентерски натпревари по ред (787), а од активните зад играчот на Кливленд (и Мајкл Џордан) се Џејмс Харден (257) на втората и ДеМаркус Казинс (162) на третата позиција на листата.
Меѓу поинтересните натпревари Бостон во драматичен завршница славеше на гостувањето против Јута со 94:97, со тројката што ја постигна Браун на 0,3 секунди до крајот.
Филаделфија го доби дуелот со Њујорк со убедливи 118-101, што е осма победа во низа за кошаркарите на Филаделфија, нивна најдолга триумфална серија во последните петнаесет години. Дарио Шариќ беше во главна улога со 26 поени и 14 скокови, уште еднаш покажувајќи зошто важи за еден од главните адути на Филаделфија сезонава.