НБА ѕвездата Леброн Џејмс ги отфрли навестувањата за пензионирање, велејќи дека „не е подготвен да ја заврши својата спортска кариера бидејќи сè уште чувствува голема љубов кон кошарката“, тврди AFP.
„Веќе не ме интересира колку поени ќе постигнам, и што можам а што не можам на теренот. Вистинското прашање за мене е дали можам да продолжам да играм без повреди. Денот кога нема да можам да давам сѐ од себеси на теренот, ќе ми биде и последниот. А тој ден сѐ уште не дошол“, изјавил Џејмс на доделувањето на награди „Еспи“ на американската телевизиска мрежа ABC News.
Триесет и осимгодишниот Џејмс ја освои наградата „Еспи“ за рекордната мината сезона, кога се проби на првото место на вечната листа на стрелците во најсилната кошаркарска лига во светот, надминувајќи го бројот на поени што претходно ги оствари легендарниот Карим Абдул-Џабар.
Додаде дека тренирањето на неговите синови му помогнало да задржи свежа перспектива за спортот со кој се занимава повеќе од две децении.
Во август тој го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс и ќе ја игра барем уште во сезоната 2024/25.
Фудбалерот Патрик Махомес и скијачката Микаела Шифрин ги добија наградите за спортист на годината на ABC, а НФЛ Канзас Сити Чифс го освои тимот на годината.