Додека бројот на заразените со коронавирусот и хоспитализираните поради тоа во САД остро растат, кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс разви остра дискусија со својата објава на Instagram.
Имено, еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата и на светот, на својот профил објави три слики на стрип ликот Спајдермен кои еден кон друг вперуваат прсти и се израмнуваат, а им ги ставил имињата: Civid-19, грип и настинка. Многу брзо објавата предизвика бројни коментари, главно негативни.
Во моментов, инаку, НБА клубовите се во големи проблеми околу играњето на натпреварите поради огромниот број позитивни случаи меѓу играчите. Поради тоа, клубовите поптишуваат договори со многу кошаркари, од кои најмногу оние кои се последните години се пензионирале, за да го пополнат играчкиот кадар и да можат нормално да ги играат дуеклите, бидејќи раководството на лигата не одлучи да го прекине натпреварувањето.
Леброн Џејмс на самиот почетокот беше умерен противник на задолжителното вакцинирање во НБА лигата. Подоцна се вакцинираше, но одби да биде еден од оние кои го заговараат и промовираат вакцинирањето меѓу играчите во лигата.
„Ова не е прашање на расизмот или некоја слична тема во која секогаш ќе го давам својот суд. Ова е прашање за вакцинирањето и нешто што секој од нас го внесува во своето тело. Секој за себе носи одлука и мојата работа дефинитивно не е да ги поттикнувам другите на тоа“, изјави во една прилика Џејмс.