Леброн Џејмс постигна 56 поени во победата над Голден Стејт

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска постави нов личен рекорд оваа сезона со 56 поени во победата над Голден Стејт со 124:116.

Триесет и седумгодишниот Џејмс реализираше 19 од 31 од поле, 6 од 11 за трои, 12 од 13 од линијата за слободни фрлања, а забележа и 10 скока, 3 асистенции, 1 блокада и 4 загубени топки за 38,5 минути.
Леброн постигна 50+ поени по 13-ти пат во кариерата во натпревар од регуларниот дел од сезоната. Најдобар резултат во кариерата – 61 поен има во дресот на Мајами во 2014 година во меч против Шарлот. Лејкерс ја прекинаа серијата од четири порази и со биланс 28 победи и 35 загубени средби се на 9. место во Западната конференција од НБА-лигата.