Леброн ќе потпише 1+1 договор

Леброн Џејмс ќе потпише краткорочен договор со Кливленд Кавалирс, пренесоа американските медиуми.

Џејмс ќе потпише договор според кој ќе добие 23 милиони долари за една сезона, со можност да го продолжи договорот за уште една во која би заработувал 24 милиони, пренесе „ЕСПН“.

Четирикратниот најкорисен играч во НБА лигата се врати минатата сезона во Кавалирс и ги однесе до големото финале каде беа поразени од Голден Стејт.

Џејмс на 1-ви јули стана слободен играч, бидјеќи се одлучи да не ја активира последната година од својот двегодишен договор, но никој не очекуваше дека ќе замине од Кливленд.