Сорбетот од лубеница е вистинско ледено уживање во летните денови со високи температури. Еве како да го приготвите.
Потребни состојки: 1 шолја лубеница, исечкана на коцки, 1 зрела банана, кафеав шеќер, по вкус, листови од нане.
Подготовка: Коцките лубеница ставете ги на плех обложен со хартија за печење или на поголема површина во еден ред, за да не се преклопуваат, па замрзнете ги.
Исечете ја бананата на прстени и исто така замрзнете ги во еден ред.
Замрзнатата лубеница и бананата ставете ги во блендер или процесор за храна и смелете ги до кремаста текстура.
Кога ќе добиете крем сличен на омекнат сладолед, додадете шеќер и кратко измешајте.
Можете да го послужите веднаш или да го префрлите во длабок калап, да го израмните и замрзнете уште час-два. Ова ќе ви ја даде најдобрата текстура.
Послужете во чинии украсени со листови нане.