Ледријан бара од Трамп да не се меша во внатрешните работи на Франција

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан во неделата остро го критикуваше американскиот преседател Доналд Трамп поради мешање во внатрешните работи на Франција, откако овој на Twitter објави став во врска со протестот на Жолтите елеци.

„Многу тажен ден и многу тажна ноќ во Париз… А можеби е дојдено времето Парискиот договор за климатските промени, многу смешен и извонредно скап, да се приведе кон крајот и парите да им се вратат на луѓето, така што ќе им се намалат даноците“, советува во твитот американскиот претседател Доналд Трамп во моментот кога започнаа безредијата во француската престолнина споменувајќи го договорот од кој во јуни 2017 година одлучи да ги повлече САД, од мултилатералната спогодбна чија цел е ангажирање за намалување на емисиите на гасовиет кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

И утрово Трамп го критикуваше договорот. Но тоа не е првпат да изнесува свои погледи во однос на настаните кои ја потресуваат Франција. Во вторникот објави иронична забелешка за попуштањето на францускиот претседател Емануел Макрон пред „Жолтите елеци“, и напиша дека Парискиот договор е осуден на пропаст.

„Ние не учествуваме во американските расправи, оставете ја нашата држава на мир“, му порача шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ледријан на Трамп во недела во телевизиското интервју.

Трамп во повторениот твит за протестите во Париз напиша и „Парискиот договор не функционира добро за Париз. Протести и немири ширум Франција“, напиша американскиот претседател. Трамп, исто така, го постави прашањето за тоа дали луѓето треба да бидат присилен „да плаќаат големи суми пари… како можеби да ја заштитат животната средина“. Трамп на крајот од објавата вели дека на францускуте улици се слушнале повиците „Го сакаме Трамп“.

Ледријан негираше дека француските демонстранти му скандирале на Доналд Трамп. „Колку што ми е познато Жолтите елеци последниет денови во француските градови не скандираа на англиски јазик. Станува збор за снимка снимена пред повеќе месеци во Лондон“, тврди шефот на француската дипломатија.

Неформалното движење Жолти елеци во саботата четврта седмица со ред протестираше ширум Франција, и покрај тоа што претседателот Емануел Макрон и неговата влада се откажаа од зголемување на наметите на горивата, особено за дизелите, како дел од мерките за заштите на животната средина.