-2.2 C
Skopje
вторник, ноември 26, 2024

Лефков: Аферата броило е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел. Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее, потенцира Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист.

Следете внимателно.

Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра!

Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра.

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош, истакна Лефковна прес-конференција и додаде:

„Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество.

Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски!

И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?

И второ, дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?

Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот.

Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра.

Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка“.