
Фејсбук објава на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник:
Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?
Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да каже дали има криминал и корупција во нејзината влада?
- Дали има криминал и корупција во случајот “Диво месо” и скандалот со Онкологија?
- Дали има криминал и корупција во процесот со Коридорите 8 и 10, каде фирма за долен веш доби тендер за надзор над автопат?
- Дали има криминал и корупција што Спасовски нарачал 250.000 обрасци и издавал пасоши за кои знаел дека важноста ќе истече порано од тоа што е впишано во нив?
4.Грковска да каже и дали има криминал и корупција кога братот на Артан Груби купува дуќан во центарот на Скопје по цена за квадратен метар од 700 евра, во услови кога реалната пазарна е 5 до 6 пати повисока?
- Дали за Грковска има криминал во милионските тендери во РЕК Битола добиени од еден конзул на држава под санкции на ЕУ?
Се додека Грковска не каже јавно и јасно нека си ќути уште некое време нека си зема плата за џабе како што земаат сите тие што се во владата.