-Одговорност ќе има и се работи на сите случаи. И јавноста знае за точките на корупција од 14 милиони евра долг отпишани од МЕПСО на синот на Муса Џафери и ним блиски фирми, преку внуците на Ахмети и купувањето на Соравија, криминалот со Лотарија и нелегалните коцкарници, до секој еден криминал, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека ќе има одговорност за сите за кои ќе се докаже дека сториле казнени дела.
Лефков јасно укажа дека „прибегнувањето на ДУИ кон насилни методи и заканите со дестабилизација нема да не поколебаат“.
Според Лефков не може да се остават оние за кои сториле криминал без разлика на припадност.
„Доста ги злоупотребуваа и Албанците и Македонците. Додека тие 7 години се богатат и трупаат милиони еднакво се иселуваат и од Тетово и Дебар и од Штип и Кочани. Тоа веќе нема да го дозволиме наместо народот да се иселува, треба да почнат тие да одговараат за криминалот“, кажа тој.