Лефков: Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор, кој не може да функционира во клима на корупција која била наметната од власта

На панел дискусијата на тема „Што наследија општините“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ пратеникот и член на извршниот комитет на партијата Миле Лефков истакна дека откако СДСМ е на власт во државата се гради една култура на неказнивост па затоа претходните градоначалници од редовите на СДСМ правеа сомнителни и коруптивни тендери.

Во Република на Македонија се гради една навистина култура на неказнивост на политички протекционизам и верувајте кога ние како опозиција говориме за корупцијата некој тоа ќе го сфати како единствен начин да се справите со политички опонент, меѓутоа, мора сите да разбереме дека функционирањето, перформансот и квалитетот на живеење во локалните самоуправи зависи од климата која што ја имаме во државата. Ако поставиме една клима на неказнивост се случува она што се случува, односно ги трпиме оние последици кои што ги трпиме. На пример кога објавуваме и кога ги објавивме криминалните и сомнителни тендери кои што се гледаат во Општина Бутел, во Општина Гази Баба, во Општина Кисела Вода каде што гледате еден метален столб во висина од 4 метра се продава за 9900 денари а во истата техничка документација имате 10 понуди под него во кои што го имаат тој метален столб од 5 метри и од 8 метри кој што чини само 1.8 денари. Е сега, првата работа кој секој би помислил е дека на овој начин алудираме на тоа што се оштетува буџетот а тоа е точно, меѓутоа ако ја погледнете корупцијата ќе видите дека никој не би дал понуда за метален столб од 5 метри од 1.8 денари ако не е сигурен дека градоначалникот нема да го нарача токму тој столб, рече Лефков.

Според него ова значи дека од една страна со корупцијата имаме оштетување на буџетите, а од друга страна имаме оштетување и на приватниот сектор.

Значи од една страна со корупцијата имате оштетување на буџетите, тоа се овие табели кои што ги видовме, меѓутоа од друга страна вие имате оштетување на приватниот сектор. Па над 6500 компании и луѓе кои чесно и поштено работат не можат да функционираат во таква клима на корупција. Сега гледаме страшни полициски акции во државата во кои што угостители се апсат и се казнуваат. Ние луѓето кои што си работат чесно ги приморуваме да се иселуваат од државата. Третата последица од криминалните тендери е неквалитетната изведба на капиталните проекти за кои што зборуваме, затоа што на крајот на денот вие можете да ги имате на хартија, меѓутоа во квалитет тоа воопшто не соодвествува на сумата за која што таа капитална инвестиција е изградена. Таа неказнивост има длабоки последици во Македонија. И сега, да не речете дека зборуваме за неказнивоста само на памет, еве јас сега ќе ви кажам и со бројки. Беше извештајот од јавното Обвинителство во Собрание и го разгледувавме за 2020-та година, а ќе ве потсетам дека 2020-та е година во која Македонија тоне на дното по корупција, 111-то место по индексот на корупција, на дното се наоѓаме по корупција.

Па се сеќавате дека владата започна спотови во кои што ги убедуваше граѓаните дека не се високите функционери за корупцијата туку граѓаните биле затоа што имале таква култура и нуделе поткуп. Кога ги погледнав извештаите за работата на јавното обвинителство, за еден јавен обвинител, 4 виши јавни обвинителства во државата, 22 основни јавни обвинителства, јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција, дали знаете колку кривични дела имало во Македонија за делото поткуп по член 357 кое ќе ве потсетам дека е казниво и за обид, еве теоријата дека граѓаните давале поткуп да го видиме тоа и во пракса, дали знаете колку кривични дела имало во цела Македонија, овој цел систем кој што ви го набројав, само 4, едно кривично дело во вишо јавно Обвинителство во Скопје, едно кривично дело за поткуп од вишо јавно Обвинителство во Штип и две кривични дела во јавното обвинителство на организиран криминал и корупција, само 4 кривични дела за поткуп, рече Лефков.

Како сега, ние ги гледаме податоците за сомнителни набавки во кои ви продаваат метални столбови од 5 и 8 метри за 1.8 денари и тоа го гледаат сите, затоа постои ЕСНЈ и тие податоци се јавни, а овој систем кој што сега го споменав ми е мака и да го повторувам меѓутоа да кажеме колкав државен апарат имаме од луѓе кои што трошат државни пари и државни средства а успеале да откријат само 4 вакви сторители. Овие податоци неги измислив јас, овие податоци се официјално стигнати како извештај од работата на јавните обвинителства во Република Македонија и истите се достапни на страната на Собрание, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.