Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел народните пари се пример зошто СДС изгуби катастрофално, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција.
-Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на мисијата, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост.
Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно кажа дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за истата, туку да плаќа само услуга.
Филипче јасно и стави до знаење на јавноста дека сака да ги приватизира болниците, и да не гради нови, туку тоа да го прават приватни фирми, а државата да им плаќа на истите за лечење на пациентите.
Да го слушнеме и погледнеме Филипче, и неговиот план за целосна приватизација на здравството:
„Дали нас ни треба да менаџираме инфраструктура, дали ние треба да се занимаваме како здравствен систем со набавка на возила, и градење на згради за болници или едноставно треба да се ослободиме од менаџирање на инфраструктурата и да почнеме да станеме систем кој што купува услуги“.
Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство?
Ова е СДС, ова е Венко Филипче, партија и луѓе кои не мислат за здравството и пациентите, туку само за нечиј приватен интерес.
По истиот принцип по кој се однесува Филипче, се однесувал и Фрчкоски. Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ.
Со СДС и ДУИ имаше помалку за народот и државата, а повеќе за мафијата. Тоа време заврши. Тоа време веќе не смее да се повтори, додава Лефков.