Лефков му порача на Филипче да ги тужи и оние кои ќе заболат од Covid-19

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кусо вечерва ја коментираше најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе поднесе граѓанска тужба поради наводите на опозицискиот пратеник претходно во неделата на прес-конференција во врска со пропадната набавка на кинеските вакцини од Кина преку компанија од Хонгконг, зделка која е одбиена од страна на кинеската влада.

„Венко Филипче ќе ме тужел! Не само мене минситре, „стегај“ тужби на секој што ќе забоке од ковид!“, напиша на Twitter пратеникот Лефков приложувајќи ги и реакциите на корисниците на најавата од министерот Филипче.

Претходно Филипче во писмена изјава до медиумите најави дека утре ќе поднесе тужба против Лефков.

„Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Но, јас веќе нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици, тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“, вели министерот за здравство.

Лефков имено пред новинарите презентираше три документа за кои наведе дека потекнуваат од Централниот регистар на Хонгконг од кои се гледа дека фирмата преку којашто Министерството за здравство да дојде до кинеските вакцини „Синофарм“ е формирана пред само четири години, без медициснкот портфолио.

Лефков, исто така, посочи дека според овие документи, произлегува дека македонската страна била расположена двојно поскапо да ги плати вакцините од цената која ја плаќаат за истиот препарат други земји, што според него отвора сомнежи за обид за остварување провизии.

„На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето. Како Стабри Интернешенал, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, како успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?!“, истакна Лефков.