Лефков: Османи лаже кога вели дека преговарачката рамка за Македонија, по ништо не се разликува од оние за другите држави

-Многу е важно да имаме млади луѓе кои што се информирани што се случува околу нив. Оние кои што не и мислат добро на младата генерација се токму оние кои секојдневно го зголемуваат јавниот долг и секој ден во собрание поминуваат некои нови заеми и верувајте ми тие пари ќе треба да ги плаќаат младите луѓе, а притоа изнајдуваат различни начини да ги држат младите надвор од процесот на одлучување вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешниот ПОТКАСТ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето што е спорно во таа преговарачка рамка која што Бујар Османи ја презентираше во видео, Лефков рече дека навредливо е да се гледа јавноста и да кажува полувистини, бидејќи преговарачка рамка е составена од 4 дела.

Навредливо е да ја гледате во очи јавноста и да кажувате полувистини, тоа е она кое што го направи Османи. Вчера слушнав дека Османи снимал уште едно видео во кое што е заблагодарува во јавноста и истакнува дека никој се уште не се нашол да ги побие неговите аргументи. Значи за каква катастрофа станува збор. И не еднаш туку илјада пати повторивме. Најпрво тој во неговото видео таа преговарачка рамка ја дели на два дела, основен и посебен дел. Но, во суштина ако ја отворите таа преговарачка рамка ќе видите дека е составена од 4 дела, принципи на преговори кој го опфаќа од првиот до 21 член, суштина на пеговори, процедура и кластери. Значи тоа се ч дела, а не како што кажува Османи два дела, рече Лефков и додаде:Во првиот дел кај принципи на преговори во членот 5 пишува јасно дека преговорите кои се отворени и напредувањето на преговори ќе бидат водени од напредокот на Македонија и ќе биде мерен напредокот според соодветните побарувања, и тоа Копенхашките критериуми, процесот на стабилизација и асоцијација исполнување на обврските на Македонија според Договорот за стабилизација и асоцијација, како и напредокот од договор со Преспа, и посебно наведено според преговарачката рамка, член 12 од Договорот за добрососедство. И сметам дека ова е јасно укажување и членот 12 од кои произлегуваат обврските за заеднички комисии за услогласување на историјата, и како дополнителен документ одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Македонија од ЕУ, донесена од владата на 5 септември донесена 2022 година.

Лефков посочи дека неточни се изјавите на Османи дека преговарачката рамка за Македонија по ништо не се разликува од другите преговарачки рамки.

Сакајќи да ја сокрие топката, Османи кажа дека преговарачката рамка за Македонија по ништо не се разликува од преговарачките рамки за сите други земји, што е апсолутно неточно, изјави тој.

Лефков го искоментира и Ковачевски за кој кажа дека е премиер кој не е избран на избори, туку поставен на премиерското столче, како и дека троши илјадници евра за рекламирање на фејсбук, притоа ширејќи лажни вести.

Мораме да кажеме дека тој не е избран премиер, туку дојде да седне во премиерското столче затоа што го избра Заев, објасни тој.