Лефков: Паднаа сите шпекулации дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени под бугарски диктат

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека целта на власта не се уставните измени, туку да остане на власт ден повеќе, потенцирајќи дека пропаднале сите спинови и шпекулации дека има пратеници од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени.

Целата вистина е дека во Македонија не станува збор за уставни измени. Не станува збор за уставни измени, од почетокот на година прв кој ги лиферуваше овие информации беше првиот вицепремиер Артан Груби дека има информации дека имаат 3, 4, им требало уште 2 пратеници. Па тоа имаше една плејада на изјави од политичари кои доаѓаат со слични сознанија. Но, на 18 август ги видовме сите 44 пратеници како викаме да се стави на гласање, а Талат Џафери си ја одложи седницата на неодредено време. Значи приорите не се уставните измени, туку да се купи уште еден ден на власт на коалицијата СДС и ДУИ, рече тој.

На прашањето дали има некој пратеник кој сега се предомислил, Лефков истакна дека ниту владејачкото мнозинство не ги обезбеди потребните гласови, туку како што рече наместо да се зголемат, тие се намалиле.

Видовме дека самото мнозинство не ги обезбеди потребните гласови на 18 август. Наместо да се зголемуваат, тие намалија.

Лефков го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е конзистентен и дека нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат, како и дека го почитуваат мислењето на народот, бидејќи над 80 проценти од граѓаните не се согласуваат со уставни измени и прифаќање на промени под бугарски диктат.
Нема никаква поделба во ВМРО-ДПМНЕ. Ставот е конзистентен и во барата од граѓаните и од членството, знаете дека над 80 проценти се против ваквата промена под бугарски диктат. И ние остануваме на тој став. Нема никакви промени во нашиот став, вели Лефков.