На Уставниот суд не му е местото помеѓу игрите од законодавната и извршната власт. Целта на Уставниот суд е да го штити уставниот поредок и да ги штити односите помеѓу различните видови на власт, тоа е основ и темел, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната собраниска седница која се дискутира за разрешување пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања.
Лефков смета дека Уставниот суд е да ја штити уставноста од дневно политички цели кои што СДСМ се обидува да ги наметне.
Целта на Уставниот суд е да ја штити уставноста и уставната поставеност на власта од дневно политички теми, а вие токму разрешувањето го наметнавте како дневно политичка тема дека доаѓа како резултат на промената на местата и бројот на пратеници, рече тој.
Според Лефков владејачкото мнозинство цела прави деловничко прекршување во однос на комисијата за избори и именување, односно како што рече тој пленумот го врши изборот на членови, а тоа значи дека ниту еден предлог на комисијата за избори и именување нема да помине доколку за тоа не е согласен пленумот.
Целата дебата оди во насока дека комисијата ќе го изврши изборот. Но, тоа не е точно, пленумот го врши изборот, вие јасно кажавте дека во пленумот имате мнозинство, а тоа значи дека ниту еден предлог на комисијата за избори и именување нема да помине доколку за тоа не е согласен пленумот. Тогаш која е потребата да правите ваквото неделовничко упаѓање на комисијата за избори и именување. Има само еден одговор, целосна партизација, посочи Лефков.