Лефков: Само за онлајн настава персоналниот компјутер ќе потроши од 100 до 200 денари електрична енергија по ученик месечно

Еве колку подароци преку интернет и ел. енергија ќе троши “онлајн” наставата во просек.
5-7 часа настава по 20-30 мин е еднакво на 2 до 3.5 часа видео поток дневно или т.н. стриминг;
❗️За еден месец настава во SD (стандардна дефиниција) потребно е 25 до 47 GB само за “стиминг”.
❗️Месец настава во HD (висока дефиниција) изразено во проток на подароци е од 44 до 105 GB;
Во 2к и UHD(4К) излегуваат 3-4 пати поголеми бројки…
Овие бројки треба да се помножат по број на ученици(деца) во семејството!, стои во Фејсбук статусот на Миле Лефков претседателотот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Тој додава дека дополнително, просечен “десктоп” троши од 2-3 ден електрична енергија на час!Само за “он лајн” настава персоналниот компјутер ќе потроши од 100 до 200 денари ел. Енергија по ученик месечно.

-Подобри и поскапи интернет пакети, нова компјутерска опрема, повисоки сметки за струја….ова е дел од скриените трошоци на онлајн наставата, кои паѓаат на грбот на граѓаните, а никој од Владата јавно не кажа дека со ова:
Концептот на “бесплатно образование” и
”Еднаков пристап на образованието” е мртов!, потенцира Лефков во неговиот статус.