Лефков: СДСМ треба да објасни како го урниса судството, како внукот на Ахмети ја купи „Соравија“, а не да зборува преку празни политички флоскули

Театар и де фокус од вистинскиот криминал кој ни се случува, оцени  Миле Лефков пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на ТВ Телма запрашан како го коментира случајот „Феникс“ во вроска со проектот „Скопје 2014“.

Лефков потенцираше дека случајот „Феникс“ доаѓа веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ во јавноста презентираше дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети се стекнал со 39 процентен удел во деловниот објект „Соравија“ во центарот на Скопје без никаков влог, укажувајќи дека судството функционира како што ќе каже Ахмети и првиот вицепремеир и негов сопартиец Артан Груби.

„Станува збор за случај врз кој што тие дојдоа на власт, се сеќавате на Шарената револуција и пораките. Мистериозно вештачењата стигнуваат ден потоа откако во јавноста ќе бидат пласирани некакви информации за скандали каде штп без никакви средства ќе се стекне удел во една атрактивна зграда во центарот. Сметам дека целата јавност е добро запознаена со тоа што значи судското влијание. Практично судовите функционираат на принципот ДУИ – Петрол се точи толку правда колку што ќе каже Али Ахмети и Артан Груби“, смета Лефков.

Му порача на соговорникот Миле Талевски од владејачката СДСМ, наместо да биде „патетичен, да користи празни политички фрази“ и да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ, да одовори што сработиле како власт овие шест години, укажувајќи дека ја задолжиле државата и граѓаните за 8 милијарди евра, а економијата е целосно крахирана.

„Вие треба да одговорите како го урнисавте судството и сите други институции, треба да објасните како внукот на Али Ахмети купува во ‘Соравија’ со 0 денари доби 39 проценти од деловниот објект. Наместо да постапувате со празни политички фрази, треба да објаснете. Оттогаш до денеска ја задолживте државата над 8 милијарди евра јавен долг и потрошени милијарди евра од Буџетот, а не направивте ништо. Има инфлација и цените се повторно покачени на прехранбените производи и овој месец’, му порача Лефков на Талевски.

„Треба да одговорите за Дрин Ахмети, а не да се криете пред македонската јавност. Излезе вест дека со нула проценти стекнал удел од 39 проценти во ‘Соравија’, треба да одговорите како истото тоа момче добива на владина седница државна помош со ФИТР, како добива концесија за рудник. Тоа треба да им го одговорите на граѓаните, а не да се навраќате во 2014та година“, рече Лефков.