Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека е само негов потрчко на чело на СДС

Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

-Филипче со поддршката и лојалноста кон Заев, покажува дека не се откажува од предавствата, аферите и криминалот. Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажа од предавствата кои тој ги направи со Бугарија, ниту од неговите ставови за Делчев, Илинденското востание и Македонија. Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажа и од криминалите кои тој ги правел, од тендерите во РЕК Битола, ЕСМ, вели тој.

Пратеникот посочи дека Филипче не се откажа од издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци.

-Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува и од рекетот и криминалот врз фирмите кои ги избираа и кои се негово секојдневие. Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев. Со Филипче нема ништо ново во СДС, повторно Заев е главен, истакна Лефков.