Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година. Ова се документи од Централниот Регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека истата е формирана на 22 септември 2017 година, обелодени Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето. Како Стабри Интернешенал, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, како успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?! – истакна тој.