3.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Лефков: Власта на Заев дозволи криминалците наместо во затвор, да бидат на слобода

Вчера Македонија уште еднаш беше сведок дека со Зоран Заев нема правда. Лице осудено за рекет наместо во затвор беше на слобода, учествуваше во сообраќајна несреќа со фатални последици па на лице место стигнаа вработени во АНБ за кои има сведоштва дека се обидувале да прикријат информации за сообраќајката, обвинува Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Поголем доказ од ова дека во Македонија Зоран Заев е во брак со подземјето нема. Фактот што е на слобода Зоран Милевски Кичеец кој учествувал во сообраќајната несреќа, власта го правда со контрадикторни изјави. Еднаш велат дека тој е на слобода поради здравствени проблеми, после тврдат дека тоа е поради семејни причини. Очигледно дека власта на Заев се обидува нешто да забошоти и нешто да прикрие. Кој ќе сноси одговорност за ова, прашуваме? Заев? Маричиќ? МВР на Спасовски? Или АНБ? Две лица загинаа во сообраќајната несреќа, а шест се повредени, вели тој.

Лефков посочи: „Сведоци сме дека на слобода се пуштени и други лица од подземјето, што говори дека овие лица ќе бидат искористени од страна на Заев за претстојните избори, и тоа ќе бидат искористени да вршат поткуп, притисоци и заплашувања на граѓаните со една единствена цел, а тоа е да го ублажат поразот на СДСМ“.

-Зоран Заев веќе не може да сокрие од никого дека владее криминално. Секој ден излегуваат коруптивни и криминални скандали, секој ден има нови докази дека мафијаши се во тесна корелација со власта. Се што фати Заев се криминализираше, па дури и дипломатијата. Еве пред некој ден во Србија е уапсен македонски дипломат и тоа баран со црвена Интерпол потерница. Не е ни чудо зошто владата на Заев е најкриминална и најкорупмпирана на сите меѓународни листи за корупција. Лошата вест е дека со Заев криминалот царува и хара по Македонија. Тоа го гледаат веќе и членовите на неговата партија, го гледаат и неговите коалициски партнери и затоа го напуштаат бродот на Заев кој тоне. За да се спаси Македонија од криминал Заев треба да биде поразен. Тоа ќе ги спаси сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ, бидејќи неговата мафија ја држи државата во заложништво. Добрата вест е дека Заев ќе биде поразен многу скоро и ќе одговара за сите криминали, истакнува Лефков.