Лефков: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посплотено како сега, тоа го виде и цела јавност на 18-ти август

-Деталната анализа ќе покаже нешто, дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали и не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па, така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ни укаже дека освен со политички прогон, со друго и не се занимаваше оваа власт“, појасни пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Лефков укажа дека Ахмети има едно објаснување зошто се донесува Кривичниот законик, а од друга страна Артан Груби, Бојан Маричиќ и пратениците од владејачкото мнозинство објаснуваат во Комисијата за европски прашања дека е тоа усогласување со европската регулатива.

Запрашан за интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Лефков истакна:„Тоа интервју кое излезе денеска и е објавено денеска, самото е доволно објаснувачко и произлегува од сите актуелни случувања кои што ја брануваат јавноста. Го споменав и интервјуто на нивниот коалиционен партнер Али Ахмети за ТВ21, во кое што промената на Кривичниот законик беше проследена со политички ставови. Меѓутоа имаме и други сознанија, кои излегоа за средба кај Стево Пендаровски, практично на државниот врв, каде што со Пендаровски се сретнале Ковачевски, Бујар Османи, Груби и други високи претставници на власта и се договарале за вакви измени на Кривичниот законик. Останува она симптоматично, како ќе го објаснат тоа во Собрание, каде ни стаса и беше претставено на јавноста како усогласување со европската регулатива“.

Лефков рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега. „Тоа го виде и целата македонска јавност на 18-ти август кога беше закажана седницата за уставни измени. Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не било посплотено, а тоа практично и го покажавме на локалните избори. Тоа и го покажуваме секој ден со резултатите кои што ги даваат и градоначалниците. Секогаш работиме во корист на граѓаните“, нагласи тој.