Легализирана дивоградбата „Глобал“, што значи Заев го признава делото за кое беше уапсен

Oпштина Струмица спровела легализација до крај на објектот Глобал. Барањето, постапката и одлуката за легализација на Општина Струмица на градбата Глобал во суштина значи признавање на делото поради кое Заев се теретеше во 2008 година кога беше амнестиран од тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.

Дивоградбата Глобал стана легален објект што значи Заев го признава делото и неправилноста поради и која беше приведен.

Да не заборавиме дека тогаш раководството на СДСМ меѓу кој во првите редови беше и Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев.Тогаш тие тврдеа дека нема никаква врска било каква неправилност на градбата поради која се терети туку се работи за политички мотивиран случај.

global1

Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството, следниот чекор беше аболиција. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше најавена кон јули 2008, а формално беше донесена на втори август.

global2

Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот.