Легализирани половина од дивоградбите во Штип

Околу 530 дивоградби легализирани за шест месеци во Штип.

Тоа значи дека во изминатите 2.5 години решени се или легализирани вкупно над 5.100 дивоградби, што е повеќе од половина од регистрирани над 10.000 дивоградби во Штип.

Во досегашната процедура, постапката е прекината за 4800 предмети, пред се заради недостаток на еден од трите барани документи од кои најчесто е недостаток на геодетски елаборат. Кога сме кај елаборатите, рокот за комплетирање на документацијата е крајот на 2014 година. Во исто време тече и постапката за легализација на тераси, при што барањата кои се поднесуваат треба да бидат доставени најдоцна до 30 јуни 2015 година.