Актерот Мичу Месзарос кој му даде живот на ликот на Алф во истоимената хит серија од 80-тите се бори за живот откако паднал во кома.
Актерот кој епознат по тоа што е висок само 84 сантиметри, бил најден во безвесна состојба во тоалетот кон крајот на минатата недела од страна на неговиот менаџер Денис Варга.
Тој итно бил пренесен во болница во Лос Анџелес, а неговиот менаџер раскажал за ТМЗ дека 76-годишниот актер имал здравствени проблеми откако пред осум години преживеал мозочен удар.
Инаку Мичу пред да падне во кома побарал од лекарите да не го исклучуваат од апаратите, дури ако неговата здравствена состојба не се поправи.