Легендарниот голман на Јувентус, 39-годишниот Џанлуиџи Буфон, се надеваше дека простувањето од националниот дрес ќе се случи, па можеби и во финалниот меч на светското првенство следното лето во Русија, меѓутоа по шокантната елиминација од Шведска во дополнителните европски квалификации, реши да се збогува од репрезентацијата на Италија.
„Не сакав да заминам на ваков начин. Тажен сум бидејќи мојот последен натпревар заврши со испаѓање и пропуштање на светско првенство. Не ми е жал поради мене, туку поради целата репрезентација“, изјави Буфон со насолзени очи.
Шведска во првиот меч на свој терен славеше со 1:0 а во понеделникот вечерта во Милано го одбрани тој резултат со 0:0. Четирикратните светски прваци Иалијанците, така, нема да играат на мундијал по друи 58 години. Италија досега не играла само на првото светско првенство во 1930 година кога нејзини фудбалери не отпатувале во уругвајската престолнина Монтевидео и во 1958 година кога не се квалификуваше за завршниот турнир во Шведска.
„Не ја потценивме Шведска. Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар. Во дополнителните квалификации нема опуштање. Едноставно не успеавме да постигнеме погодок“, додаде Буфон.
Прославениот голман, инаку, започнал да тренира фудбал како играч од средниот ред, а на 12-годишна возраст се преселил меѓу стативите. Бранел за сите италијански возрасни селекци, од У-15 до У-23, а беше член и на италијанската олимписка репрезентација на Игрите во Атланта во 1996 година.
За сениорската селекција на Италија дебитираше како 19-годишник во октомври 1997 година против Русија и токму во дополнителните квалификации за Светското првенство во 1998 година, и по три децении заминува како рекордер со 175 репрезентативни настапи.
Буфон настапил на вкупно 11 големи натпреварувања. Настапи на пет светски првенства (1998, 2002, 2006, 2010, 2014), на четири европски првенства (2004, 2008, 2012, 2016), како и на два Купа на конфедерациите (2009 и 2013).
Најголемиот успех со репрезентацијата го оствари во 2006 година кога ги предводеше Италијанците до светската титула. Шест години подоцна ја освои вицешампионската титула на европското првенство, а има и третот место од Купот на конфедерациите во 2013 година.
„Имав среќа што целата кариера во клубот и во репрезентацијата играв со Буфон. Не можам да опишам колку ви значи кога знаете дека зад себе имате врвен голман. Понекогашт сето тоа ви се чини толку едноставно, но тоа е само поради него“, изјви бекот на „Старата дама“, Џорџо Кјелини.
На прашањето дали стравува за иднината на италијанскиот фудбал, Буфон одговори: „Имаме добри играчи, а јас репрезетнацијата му ја оставам на Џанлуиџи Донарума“, младиот голман на Милан.