Најдобриот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Пеле е префрлен во болница поради болки во стомакот, поради што не присуствуваше на свеченоста во негова чест во родниот град Сантос.
Трикратниот шампион на светот, 74-годишниот Пеле е хоспитализиран во болницата во Сао Пауло од превентивни причини, изјавил неговиот пријател Жозе Форнос Родригеш.
-Имаше болки во стомакот и однесен е во болница на снимање. Тој е мирен и се чуствува подобро, изјавил Родригеш кој не прецизираше кога легендата ќе излезе од болница.
Во Сантос се одржа прослава на која требаше да се промовира книга за легендарниот бразилски фудбалер.