Легендата на Челзи со ДНК тест откри дека неговите деца не се негови

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи минува низ тешки моменти во животот.

Џереми, поранешен фудбалер кој го носеше дресот на Реал Мадрид и Челзи, доживува вистинска семејна драма. Камерунецот поднесе барање за развод од неговата долгогодишна сопруга Лаури Лоцо бидејќи дознал дека тој не е биолошки татко на нивните деца.

Шеснаесет години откако добија близнаци, Џереми решил да направи ДНК тест и открил дека неговата сопруга цело време го лажела. Тестот открил дека неговата сопруга имала афера со бившиот партнер и дека тој е татко на близнаците.

Адвокатот на ексфудбалерот тврди дека ДНК тестот е доволна причина за развод, а неодамнешното откритие целосно го шокираше и го скрши Камерунецот, пишува англискиот таблоид The ​​Sun.

Џереми во својата богата кариера освои многу трофеи, со Реал Мадрид двапати го крена трофејот во Лигата на шампионите, а со Челзи два пати беше шампион на Англија.

За репрезентацијата на Камерун одигра 119 настапи и постигна 13 гола и освои два Купа на Африкански нации.