Легендата вели дека Левица е во салата на Советот во Скопје само кога се испазариле сo Арсовска да и изгласаат нешто. И денес исто како пред месец дена кога гласаа планови и програма, за да делат тендери Левица се во салата. И денес како пред месец дена ќе гласаат заедно со СДС и ДУИ за Арсовска да продолжи со матните зделки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Левица е дел од матните зделки преку нивните директори во Град Скопје.
Левица ја поддржува бизнис коалицијата СДС – ДУИ – Арсовска, чиј клучен сегмент се.
Левица која декларативно е за нарадот е во бизнис зделки со СДС, ДУИ и Арсовска.
Половина од директорите во град Скопје се од Левица.
Директор на Градската библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.
Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.