Легери: Невозможно е да се вратат бегалците што стасале во Грција

Шефот на европската погранична агенција Фронтекс Фабрис Легери вели дека се покажало дека е речиси е невозможно да ги вратат назад во Турција бегалците што стасале во Грција.

Легери навел дека новодојдените мигранти што не ги исполнуваат условите за добивање азил и што се сметаат за економски мигранти би требало да ја напуштат Грција во рок од еден месец, пренесува Б92, повикувајќи се на агенцијата АП.

Со оглед дека голем дел од нив во Грција стигаат со чамци од Турција, тоа би значело дека нив треба да ги вратите во Турција, рече тој.

Но, практично ниту еден мигрант неможе да биде вратен во Турција, предупреди шефот на Фронтекс и наведе дека со оглед на тоа што ниту една земја не прима несакани мигранти, веројатно е дека тие сите ќе останат во Грција.

Лидерите на ЕУ бараат начини да ја поттикнат официјална Анкара да го исполни ветувањето и да преземе мерки за намалување на бројот на мигранти што се обидуваат да стасаат до Грција.