Лекар обвинет за ширење смртоносен менингитис приведен во Мексико

Мексиканската полиција привела лекар обвинет дека користел заразени лекови кои би можело да се причината за мистериозното избувнување на менингитис во сојузната држава Дуранго, откако оваа болест усмрти 35 жени последните неколку месеци.

Уште други 79 лица се хоспитализирани со знаци на инфекција со менингитис.

Полицијата во вторникот уапсила лекар специјализиран за анестезиологија под обвинување за незаконски дејствија, вклучително повторно користење лекови во приватни болници во коишто работел. Полното име на лекарот не е објавено.

Подоцна во вторникот, обвинителите на Дуранго објавија апсење на двајца службеници од државниот регулатор за здравствена безбедност Коприсед.

Еден од нив е обвинет за лошо управување со лекови, необезбедување соодветна хигиена, како и дозволување на операционите сали да паднат во распаѓање. Другиот се товари за непочитување на професионалните барања.

Менингитисот вообичаено е поврзан со болно воспаление на мозокот и на ‘рбетниот мозок, често предизвикано од вирус или во некои случаи од батерии или габична инфекција.

Настраданите пациенти во Дуранго веројатно биле заразени со габичен менингитис додека биле подложени на третманите во истите болници во коишто работел приведениот лекар, според изјавата на главната обвинителка на оваа мексиканска сојузна држава, Сонија Гарза.

Рече дека пациентките веројатно првпат биле заразени минатиот август, откако на многумина им била дадена анестезија за акушерски процедури.

„Овој специјалист спроведувал постапки без ограничувања“, изјави Гарза додавајќи дека носел сопствени лекови за пациентите, вклучително и лекарства кои не се дозволени.

Обвинителката додаде дека притворениот лекар бил единствениот лекар кој ги спроведувал постапките во четири болници во коишто се забележани инфекциите. Гарза рече и дека тој на сослушувањето пред обвинител негирал дека користел сопствени лекови.

Случаите предизвикаа загриженост и во Мексико и кај меѓународните тела, откако беше потврдена првата жртва на епидемијата во ноември минатата годин