Лекар од Гостивар издал лажни ПЦР тестови за 4.500 денари

Гостиварската полиција поднела до Основното јавно обвинителство Гостивар кривична пријава против лекарот Е.М.(45) од гостиварско Чегране, под сомнение дека издал лажни негативни ПЦР тестови.

-Тој се сомничи дека на 7 и 9 март,  како лекар во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари. Е.М., кој вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, a со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител – велат од МВР.