Меѓународната хуманитарна група Лекари без граници (МСФ) денеска соопшти дека нема повеќе да ја прифаќа финансиската помош од Европска унија и земјите-членки во знак на протест поради нејзината политика кон мигрантската криза.
МСФ минатата година од институциите на ЕУ и од земјите-членки доби 56 милиони евра.
Во соопштението на МСФ се посочува дека нема повеќе да прима пари во знак на протест поради „срамната политика на заплашување и засилените напори за да се одвратат луѓето од европскиот брег“.
МСФ како пример го наведува договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бранот бегалци.