Сојот на габичната инфекција Candida Auris којашто лекарите ја откриле во неколку болници во американската сојузна држава Тексас и во Вашингтон, се покажала неизлечива објави викендов The New York Times, повикувајќи се на Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC).
Смртоносна, габична инфекција којашто тешко се лекува се шири низ старечки домови и болници низ Соединетите држави и станува уште поопасна, според истражувачите, кои првпат идентификуваа неколку случаи во кои габата Candida Аuris е целосно отппорна на сите постоечки лекови.
Овој патоген првпат е откриен во 2009 година во Јапонија, започна да се шири по свелто, и се покажа дека Candida Auris отпорен на сите постоечки лекарства и Истовремено, станал уште поопасен бидејќи почнал да се шири за време на пандемијата на коронавирусот, предупредуваат научниците.
Околу третина од пациентите кој биле инфицирани починале во рок од 30 дена. Истовремено тие беќе биле сериозно болни, па затао е невозможно со сигурност да се каже дали габата е основната причина за нивната смрт. Пет до десет отсто од луѓето заразени со патогениот микроорганизам развиваат сериозно инфекција на крвотокот.
Стручњаците посочуваат дека Candida Auris е тешко да се искорени доколку се проширила во просториите во болниците. За здравите луѓе, таа е релативно безопасна, но за тешко болните пациенти со ослабен имунолошки систем, габата може да биде фатална.
„Доколку сакате да замислите кошмарно сценарио со патоген отпорен на кој и е да е лек, тогаш ова е тоа. Инфекцијата од габа која не може да се лекува би претставувала сериозна закана за имунокомпромитираните, примателите на трансплантација и критично болнитр пациент“, вели др Корнелиус Џи Кленси, лекар за инфективни болести на Здравствениот систем на Питсбург.
Лекарите знаат дека пациентите со Candida Auris тешко се лекуваат, но истражувачите првпат во САД идентификувале луѓе коишто биле отпорни на трите основни класи на антикикотичните лекови.
Во текот на изминатите осум години, CDC идентификувал повеќе од 2.000 Американци заеразени со Candida Auris, што значи дека габата е откриена на нивната кожа, а повеќето случаи се концентрирани во Њујорк, Њу Џерсиј, Илиноис и Калифорнија.
Лекарите се загрижени дека сега, поради епидемијата на коронавирусот, значително поголем број луѓе се изложени на ризок од овој патоген. Еспертите, исто така, веруваат дека Covid-19 го забрзал ширењето на габичната инфекција.