Лекарите на Марадона обвинети за намерно убиство

Против седим обвинети за смртта на аргентинската фудбалска легенда Армандо Диего Марадона во ноември минатата 2020 година, сега се води процес за намерно убвиство и им се заканува казна меѓу 8 и 25 години затвор, пренесуваат во четвртокот медиумите повикувајќи се на правосудни извори.

Обвинителството на Сан Исидоро, предградие на аргентинската престолнина Буенос Аирес, задолжено за истрагата, смета дека смртта на Диего Марадона не е резултат на професионална грешка или небрежност на лекарската екипа, туку дека лекарите и негователите не преземале ништо да ја спречат неговата смрт.

„По толку неправди, кругот се затвори. Најважната промена на квалификацијата е намерно убиство“, изјавил член на обвинителството, пренесува AFP.

Според претходното обвинение, на медициснкиот седумчлен тим му се закануваа затворски казни од 5 до 15 години.

Шеестгодишниот Марадона, кој имаше проблеми со бубрезите, како и пороблеми со црниот дроб и срцето, почина по срцев удар на 25-ти ноември 2020 година, само неколку седмици по операцијата на мозокот поради тромб.

Новата фаза во процесот следи откако на почетокот од мај беше објавен извештај на експертите во кој се заклучува дека лекарската екипа на поранешниот фудбалер го препуштила на судбината со несоодветно, нецелосно и непромислено лекување што довело до бавна агонија.

„Пренабрегнати се знаците на смртна опасност кој ги покажувал“, оцениле дваесеттината стручњаци, кои додале дека негата којашто му била пружена била „нецелосна и неправилна“,

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на играта имал подобри можности да преживеаа доколку бил хоспитализиран во соодветен центар за грижа и нега, додаваат независните медицински експерти.

Правната постапка е покрената по изјавата на две од петте ќерки на Марадона, 31-годишната Џанина и 34-годишната Џејн, кој сметаат дека неврохирургот Леополд Луке е одговорен за влошување на здравствената состојба на нивниот татко.