Лекарка им се заканува на тие кои го бојкотираа референдумот

Лекарката Светлана Лазаревска – Гогоска, која работи во поликлиниката Букурешт, на Фејсбук се закани дека ќе ги „санкционира бојкотирачите кои јадат леб од државни инситтуции“.

Логичен заклучок од напишаното (а, бидејќи не е на раководна позиција па да може нешто друго да санкционира) е дека единствена санкција која таа може да ја спроведе е да не ги лекува оние кои го бојкотираа референдумот, односно не излегоа да гласат за промена на уставното име на Република Македонија.

Според информации на Лидер, Светлана Лазаревска – Гогоска е префрлена во Здравствениот Дом Поликлиника Букурешт од 16.07 годинава, а претходно работела во Гостивар.

Во описот на нејзиниот фејсбук профил, таа наведува дека никогаш не им ги заборава имињата на своите непријатели.

А, кога станува збор за нејзините пријатели, Гогоска на Фејсбук се пофали дека жената нејзина пријателка и жена на која најмногу и верува е актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

За овие закани, јавноста очекува реакција од Министерството за Здравство.